среда, 11 декември 2024

Девојка креација на ВИ ја објави својата прва песна

Објавено на

часот

Сподели

Инаку, иницијалите на оваа „девојка“ – АИ, го означуваат нејзиното потекло: и Ана и нејзината музика се целосно производ на вештачката интелигенција, којашто и натаму предизвикува загриженост во полето на уметноста. ВИ-уметницата во описот на своето музичко дело објаснува:

„Здраво свету! Јас сум Ана Индијана и сум пејачка и текстописец со ВИ. Еве ја мојата прва песна ‘Betrayed by this Town’. Сè во неа – тон, темпо, акорди, ноти, мелодија, ритам, текст, мојата слика и пеењето се автоматски генерирани од ВИ. Се надевам, ќе ви се допадне“.

Песната е поп-балада, а стиховите се за тоа како девојки седат во кафуле, пијат чај и разговарат за мажите кои ги предале. Но, луѓето засега не се многу воодушевени од песната, како ниту од идејата да се користи ВИ наместо човечка креативност во уметноста.

„Убава демонстрација за тоа како би звучела музиката доколку се отстранат сета креативност и страст. Сигурен сум дека мојата микробранова печка ќе го слуша ова“; „Никој во светот не ја сака оваа технологија. Користете ВИ за да си ја олесните работата, а не да ги уништувате работите во коишто уживаме“; „Ова е ѓубре“ – гласат дел од критиките.

И музичарот Џејмс Блејк се надоврза со подбивен коментар: „Ова ме доведе до солзи. Многу сум возбуден за иднината“…

Не е јасно кој стои зад создавањето на овој ВИ-ентитет, но има и позитивни видувања. „Колку кусогледи коментари. ‘Чет-ГПТ’ се појави само пред една година. Вратете се овде една година назад“, додаде некој.  

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ