„Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ.
Не може да се бориме со ‘присвојување’ на вистината со тоа што ќе креираме ‘своја вистина’ за работи за кои целокупната јавност беше сведок пред само една година.
Водечка улога во носењето и реализацијата на оваа инвестиција има тимот на ТИРЗ кои работеа посветено и професионално, и затоа оваа нова инвестиција е инвестиција за сите граѓани на Македонија, а не на политички партии“, се вели во реакцијата на Деспотовски.
Мицкоски денеска ја најави новата германска инвестиција за производство на литиумски батерии, на што реагираше СДСМ со информација дека оваа инвестиција е дело на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи.