четврток, 12 декември 2024

Десетици земјотреси на Халкидики, дел од нив почувствувани и во Гевгелија, Струмица, Велес…

Вчера во попладневните часови беа регистрирани десетици помали земјотреси во близина на првиот крак на Халкидики, а дел од посилните со 5,2 и 5,3 степени беа почувствувани и во Струмица, Гевгелија, Велес и Скопје. Грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дали најсилниот земјотрес бил главниот земјотрес, а последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Големиот земјотрес не предизвика никакви проблеми во населените места на Халкидики. Епицентарот на вчерашниот најсилен земјотрес регистриран кусо по 19 часот по локално време беше во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања. Во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени.

Професорот по сеизмологија на Солунскиот Универзитет, Костас Папазахос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека земјотресот од 5,2 степени е вообичаен земјотрес за Грција во нормален расед во регионот на Халкидики, а станува збор за „област со релативно ниска сеизмичка активност“.

Земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и во Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и во Скопје со интензитет од III степени според истата скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ