четврток, 27 февруари 2025

Деребан: Лицемерно е ДУИ да поставува прашања за ветинг

Лицемерно е ДУИ да поставува прашање за ветинг и таа тема да ја актуализира по 21 година на власт, од кои седум години во доминантна улога над СДСМ, изјави заменик-министерот за правда Ален Деребан. Во одговор на прашање на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари  – зошто во Министерството за правда нема иницијатива за сеопфатен ветинг за сите политичари во минатите 30 години, Деребан смета дека „не станува збор за сериозен проект туку за обично лицемерие и политиканство“.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Политичката партија ДУИ е пример и поим за криминал и корупција. Лицемерно е да го поставувате тоа прашање кога поранешен потпретседател на Советот за јавни обвинители е дел од еден коруптивен криминален скандал, осуден со правосилна спогодба на условна казна затвор за кривично дело за земање поткуп односно надомест за незаконито влијание… Имаме поранешен потпретседател на таа партија којшто е во бегство. Искрено очекував дека од оваа говорница ќе го повикате да се врати и да се соочи со правдата во Република Македонија. Имаме актуелен градоначалник на Општина Струга кој е ставен на црната листа на САД и против кого отпосле дури започнаа да се водат одредени процеси. Имаме опструирано обвинителство и судство од овие поранешни политички гарнитури кои ги опструираат и сите процеси на Министерството за внатрешни работи коишто ги спроведуваше во изминатиот период. А се многу – и против поранешни државни и актуелни политички функционери за одредени коруптивни скандали. Тие треба да сносат одговорност за сите дејствија што ги презеле“, рече Деребан.

Според него, ветингот не е единствено решение туку, рече, потребна е одговорност пред органите на правдата и соочување со нив „за кривичните дела и коруптивните скандали кои биле извршени во изминатиот период“.

„Ние како Министерство за правда работиме на нов закон за спречување корупција и судир на интереси и нацрт-верзијата е објавена на веб-страницата на Министерството за правда. Работиме на сосема нов Кривичен законик и сметам дека сите оние кои минатите години крвнички се богателе на сметка на граѓаните, одговорност треба да имаат пред органите на прогонот, пред обвинителството и судството“, додаде Деребан одговарајќи на седницата за пратенички прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ