среда, 15 јануари 2025

Деребан: Имаме индиции за големи кривични дела, но обвинителството не покренува постапки

Заменик министерот за правда Ален Деребан, во контекст на случувањата во правосудството во државата, вели дека не се само да критикуваат, туку и да работат и оти стојат, како што вели, на располагање на судската власт да помогнат за сѐ она што значи подобрување на условите и можностите за независно функционирање на судската власт.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Прашан за финансиската независност на правосудството, Деребан вели дека таква е состојбата во државата, но дека како Mинистерство и заменик министeр ќе работи на подобрување на судскиот буџет.

„Финаниската состојба во државата е таква. Јас не сум во Министерството за финансии, меѓутоа како заменик министер за правда и општо како Министерство ќе се бориме за судската власт да добие што поголема независност, тука спаѓаат и финансиското подобрување на состојбата и судскиот буџет“, изјави Деребан, во одговор на новинарски прашња по отворањето на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Здружениеот на судии, во соработка со Амбасдата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага.

Во однос на најавите за робусна акција во правосудството, Деребан вели дека тие не се притисок врз правосудството.

„Очекуваме и работиме правосудството повторно да застане на здрави нозе. Довербата на граѓаните во правосудството е на минимални два проценти. Свесни сме дека имаме нефункционален судски и обвинителски систем. Ние, само бараме да се подобри состојбата во судството и придонесуваме во тоа, меѓутоа свесни сме дека и самата законска регулатива на која работиме, самата по себе не може да ја подобри таквата состојба, туку е потребна вклученост и совесност од страна на сите чинители, вклучително и од страна на судиите и обвинителите“, изјави Деребан.

Имаме индиции за големи кривични дела од областа на криминалот и корупцијата, меѓутоа, посочи Деребан, обвинителството не поведува постапки и имаме опструирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ