сабота, 18 јануари 2025

Денеска најмногу снег падна во Маврово, а најмногу дожд во Крушево

Врнежите од снег на планинските места ја зголемија и проширија снежната покривка, особено во западниот дел од земјата. Како што соопшти УХМР, 68 сантиметри се измерени на Маврови Анови, 51 см на Попова Шапка, 25 см во Лазарополе и 5 см во Берово.

Објавено на

часот

Сподели

Во пониските места, пак, врнежите беа од дожд. Најмногу наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 16 часот, од 38 л/м2 се измерени во Крушево, 33 во Кавадарци, 32 на Попова Шапка, 31 во Маврови Анови, 30 – Тополчани, 19 – Битола, 17 – Прилеп, 14 – Берово, 12 -Лазарополе, 10 – Гевгелија, 9 – Велес и Струмица, 6 – Тетово и Виница, 5 – Скопје на Зајчев Рид и 3 л/м2 во Штип, Пожаране и Охрид.

Времето утре наутро, умерено до значително облачно со појава на слаб локален дожд и снег, особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува.

Минималната температура ќе се спушти до 2 , а максималната ќе достигне до 8 степени.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има во ноќта кон четврток и потоа преку денот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ