Денот на планетата Земја оваа година следеше по неколкунеделните екстремни временски услови со рекордно високи температури во Тајланд и големиот топлотен бран во Индија, каде минатиот викенд од топлотен удар починаа најмалку 13 лица, пишува Ројтерс.
Климатолозите предупредуваат дека просечните глобални температури би можеле да го достигнат историскиот максимум на сите времиња во 2023 или 2024 година.
„Климатските влијанија се тука“, рече Ареба Хамид, ко-извршен директор на Гринпис во Велика Британија, во петокот додека активистите за климатски промени шетаа по улицата пред парламентот, некои облечени во зелени костими и обоени во зелено.
Хамид рече дека кога сега го посетува нејзиниот роден град Делхи, се чувствува како „да ја ставиш главата во рерна“ и дека топлотниот бран во Лондон во 2022 година беше како „дистописки филм“, велејќи дека „не можеме повеќе да си го дозволиме тоа“.
Активисти се собраа во Лондон за да започнат четиридневна акција наречена „Големиот“, што се совпадна со Денот на планетата Земја.
Околу 30.000 луѓе се пријавија за семејни собири и маршеви, што означува промена во стратегијата на групата позната по своите тактики за вознемирување, вклучувајќи блокирање патишта, фрлање боја и кршење прозорци.
На глобално ниво имаше голем број на активности пред Денот на планетата Земја, со планирани настани во Рим и Бостон и големи кампањи за чистење на езерото Дал во индискиот Сринагар и Кејп Корал на Флорида погодена од ураганот.