Ова доаѓа откако ИДФ во саботата вечер ги пронајде телата на шест заложници, меѓу кои и американскиот државјанин Херш Голдберг Полин, во Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.
„Неопходно е веднаш да се постигне итен прекин на огнот (договор) што ќе овозможи ослободување на сите преостанати заложници, протек на хуманитарна помош во Газа и да помогне долгорочната визија за мир и стабилност да стане реалност“, рече демократскиот сенатор Дик Дурбин на Икс.
Републиканскиот сенатор Том Котон рече дека демократите „продолжуваат да го охрабруваат Хамас“ повикувајќи на прекин на огнот и апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да ја заврши работата“ во палестинската енклава, што, според него, Бајден и Харис веќе требало да го направат.