понеделник, 14 октомври 2024
Прес-конференција на Беса

Демири: Се сомневаме дека проектот за коридорите има цел и собирање пари за скорешни избори

Објавено на

часот

Сподели

Како и секој друг проект, кој се почнува во услови на многу непознаници, што создава сомнежи за злоупотреби, така и оваа Влада, според Беса, денеска го започна проектотза коридорот 8.

„Важно е да се разоткрие што навистина се крие зад овие помпезни проекти кои потоа остануваат на средината на патот. Знаеме дека секој голем проект што го започнала оваа Влада, за чудо, е на само неколку месеци, па и една година пред парламентарните избори. Тоа нè прави да бидеме сомничави, да размислуваме дали оваа инкриминирана Влада ќе украде многу пари, за да може  да се купат гласови на граѓаните, како што се случи на последните локални избори, цел да  се уценуваат граѓаните и да се води кампања со познати естрадни уметници, бидејќи во спротивно жителите немаше да дојдат ни на состаноци, што тоа се потврди и на последните средби на ДУИ“, рече Демири.

Тој додаде дека е голем срамот што и покрај откритијата од страна на медиумите за несоодветната дејност на фирми за надзор на проектот, од кои една произведувала долна облека, тие фирми ќе го вршат надзорот.

Според него, за да биде уште поголема катастрофата , изградбата на овој автопат почнува без да се направат консултации со жителите чие земјиште треба да биде национализирано.

„Да не заборавиме дека оваа Влада, неколку години гради автопат од Кичево до Охрид, чија изгреадба се загуби, како што нагласи, се загуби некаде во планините без да се води сметка за стотиците милиони евра попусто потрошени пари“, рече генералниот секретар на Беса.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ