среда, 4 декември 2024

Делегација од македонското БЈБ на изборот на ново раководство на Интерпол

На последниот ден од Генералното собрание на Интерпол, што се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се спроведоа и избори за позициите потпретседатели на Интерпол за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на Интерпол за Европа, Америка и Азија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, македонската делегација предводена од директорот на Бирото за јавна бебедност, Александар Јанев учествувала во процесот на изборите за наведените позиции.

Од страна на нашата делегација биле изразени честитки на новоизбраните потпретседатели и членовите на извршниот комитет со искрени заложби за воспоставувње нова заедничка визија и продлабочена меѓусебна соработка во насока на сузбивање и намалување на транснационалниот и трансконтиненталниот криминал во глобални рамки, стои во соопштението.

Завршно обраќање на делегатите по повод затварањето на 92- то Генералното собрание на Имтерпол, имал членот на Кралското семејство, принцот Едвард, војвода од Единбург.

„Македонската полиција продолжува со своите заложби да биде силен и стабилен партнер со полициите од светот, да ја зајакнува меѓународната соработка и да дава значителен придонес во глобалната безбедност“, се наведува во соопштението на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ