Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот, информираат од ЕСМ.
„Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности“, велат од ЕСМ.
Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на МЕПСО е трет во период од 40-тина дена.
„Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1“, пишува во соопштението од ЕСМ.