Давидовски денеска утрото ѝ се предал на полицијата на граничниот премин Деве Баир. Веста за ја потврдија и од МВР.
„При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидентираното лице било на стоп листата со мерка ‘лиши од слобода’ за кривично дело по член 313 од Кривичниот законик (КЗ) и за кој од страна на Основниот кривичен суд Скопје на 18 декември 2017 година е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода“, појаснуваат од МВР.
По упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Дејан Давидовски избега во Шведска каде се криеше седум години, а се бараше со меѓународна потерница. Тој пред пет години беше уапсен од шведските власти, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција со образложениет дека тој се гони од политички причини. Давидовски е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.