петок, 13 декември 2024

Дегустaција на музика за 2012

Објавено на

часот

Сподели

На 7 февруари, денот кога Битлси во 1964 отидоа во Америка, Пол Макартни ќе го издаде својот нов албум, а една од композициите со име „Мој Валентин“ ја изведува заедно со Ерик Клептон. Гостин на овој албум ќе биде и Стиви Вондер. И додека публиката со нетрпение го очекува, за Пол е необично тоа што првпат во кариерата во овој музички албум се појавува само како пејач! Зад музиката стои бендот на Дајана Крал, и самата таа.

 

Коен, Мадона, Морисеј…

Промоции на своите нови албуми годинава ќе направат Мадона, Еир, Флитвуд Мек, Саундгарден и Морисеј. Се очекува да излезе новото цеде на Леонард Коен, но и на Руфус Веинврајт. Потоа, на Пол Велер, Кет Поуер, Ендрју Брд и на групата Оф Монтреал .

 

За новиот албум на Ју ту се зборува веќе две години

 

Конечно и Ју ту?

Музички албум ќе издадат и Фиона Ејпл и Џони Мар (секој за себе).

Перл Џем

И Перл Џем со месеци работат на својот нов албум, кој треба да биде готов во 2012. Бич Бојс во полн состав исто така најави цеде, како и Реџина Спектор и Сигур Рос.

Веројатно ќе излезе и новиот албум на Ју ту, за кој се зборува веќе две години. Една песна од албумот веќе се врти по радијата низ светот.
Неодамна, за до крајот на годинава нов албум најави и Калчр Клаб заедно со Бој Џорџ.
Бездруго, годинава барем ќе има што да се слуша!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ