Давид Силва кој наскоро ќе наполни 38 години, реши да стави крај на кариерата по сериозната повреда која ја доби во подготовките со Реал Сосиедад. Повреда поради која ќе требаше да паузира речиси цела сезона, па смета дека нема смисла да продолжи да игра.
Пред некое време беше објавено дека Давид Силва најверојатно ќе ја заврши фудбалската кариера. Сега тоа е и официјално, тој со емотивно видео го потврди повлекувањето од фудбалот.
Muchas gracias…fútbol pic.twitter.com/HoB6TPojAd
— David Silva (@21LVA) July 27, 2023