„Никој не е повреден и спроведуваме почетна истрага на местото на настанот“, соопшти полицијата во Копенхаген на социјалната платформа Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада лоцирана во областа“, велат тие.
Според извештаите на локалните медиуми, голема област била опколена со силно полициско присуство.
Инспекторите биле видени облечени во комбинезони додека го чешлале местото на настанот во потрага по докази, објави весникот Б.Т.
Израелската амбасада не беше веднаш достапна за коментар.