Неизвесно беше само во првите минути од мечот, потоа Данска се одлепи, во текот на првото полувреме направи и неверојатни 11 гола разлика, на одморот замина со позитива од 21-12.
Во второто полувреме ја одржаваше високата предност повремено и зголемувајќи ја, конечниот резултат беше 39-26.
Убедливо најефикасен во данскиот тим беше Гидсел со 11 постигнати голови, кај Германците Кнор реализираше шест.
Ова беше последен натпревар за Микел Хансен кој се пензионира со златен олимписки медал.