вторник, 22 октомври 2024

Дачиќ: Уапсено е лице осомничено за шпионажа во корист на Хрватска, Загреб нема сознанија за настанот

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ потврди денес дека на подрачјето на Белград е уапсено лице за кое се сомнева дека шпионирало во корист на Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ на новинарите во Палата Србија во Белград им кажа дека акцијата на апсењето ја извела Безбедносно-информативната агенција (БИА).

„Полицијата само даваше логистичка поддршка“, кажа Дачиќ.

Вечерње новости пренесоа дека БИА рано утринава на подрачјето на Белград спровела контраразунавачка операција во која е уапсен „хрватски шпион“.

„Акцијата е резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионското и деструктивно-субверзивно дејствување на хрватската разузнавачко-безбедносна служба СОА“, пренесе Новости.

Хрватска нема сознанија за апсењето на наводниот хрватски шпион во Србија, за што утринава известија одделни медиуми во Белград, соопшти денес хрватското министерство за надворешни и европски работи.

„Немаме никакви сознанија за наведената тема, ниту дека таков настан навистина се случил“, соопшти хрватското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ