сабота, 18 јануари 2025

Дачиќ: Тврдењата на Амнести интернешнал претставуваат напад на безбедносната пракса во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека тврдењата на организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнел, дека српската полиција и разузнавачките служби користат шпионски софтвер за надгледување на телефоните на новинари и активисти, се неосновани и дека претставуваат напад на безбедносната пракса во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој демантираше дека полицијата уфрлала какви било програми во телефоните на новинарите и активистите.

„Никој никогаш за нашата безбедносна пракса не тврдел дека е толку технолошки напредна. Обично тоа се зборува за Соединетите Американски Држави. Ние тие технолошки алатки инаку сме ги добиле како донација од Западот и сето тоа го користиме според законот“, кажа Дачиќ.

Амнести интернешнал објави вчера дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) и министерството за внатрешни работи користат мобилни форензички производи на израелската компанија Селебрите за извлекување податоци од мобилните телефони на новинари и активисти.

БИА и министерството ги отфрлија тврдењата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ