„Целта е да се создаде атмосфера на Србите да им е невозможно да живеат на Косово и Метохија и затоа е битно да имаме единствена национална политика и да се даде поддршка на државното раководство на чело со претседателот на Србија Александар Вучиќ во преговорите со Приштина, ако ги има“, кажа Дачиќ.
Додаде дека дури и, како што кажа, „глувата и нема“ меѓународна заедница се огласила за настаните на Косово и ги осудила изјавите и однесувањето на Курти.
„Очигледно е дека стратегиската цел останува иста, а тоа е да се направи етнички чисто Косово“, истакна Дачиќ.
Тој истакна дека стабилна, силна и развиена Србија претставува брана и пречка за доминација на парцијалните интереси на странските сили во овој регион, а интерес на странските сили тука, како што кажа, е регионот да биде нестабилен, бидејќи „ако е тука стабилно, нив никој нема да ги вика“.