„По предметите од висок јавен интерес ажурно да се постапува и одлучува во согласност со законот и прописите, а со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил. Ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес да биде составен дел од планот за работа на судовите, внатрешните процедури и планираните активности во согласност со стратешките документи за независноста на судството, интегритетот на судиите, транспарентноста, борбата против корупцијата и напредокот на земјата во делот на правосудството. Да се направат напори од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија да се пополнат испразнетите судиски места, што непосредно влијае врз ефикасното работење на судовите“, гласи заклучокот од работниот состанок.
Претседателката на Врховниот суд на средба со апелациските судови
Да се постапува ажурно и ефикасно за да не застарат предметите од „висок профил“, порача Адеми
ТОП ВЕСТИ