Синоќа во 19 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со 36-годишен жител од село Криволак, Неготинско. Тој се сомничи дека на нива во село Криволак запалил стари предмети и предизвикал пожар на сува трева. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино.
„Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.