Вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје, З.М.(34) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на бул.„Никола Карев” физички била нападната од едно лице кое ѝ одзело накит од вратот.
Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






