недела, 24 мај 2026

Загинатиот во сообраќајката е 45-годишен маж од Тетово, а тешко повредените се на возраст од 22 и 31 година

Објавено на

часот

Сподели

На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р (45) од Тетово. Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога како Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф како и товарно возило мерцедес.

Започната е истрага за да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ