понеделник, 25 мај 2026

За запленетата дрога вредна 350.000 евра се бара притвор за државјанин на Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, се вели во соопштението од ЈО, на 7 ноември 2021 година во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници, додека управувал со патничко моторно возило „Ситроен Берлинго” со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице.

„При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во пет најлонски вреќи“, информираат од ЈО.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, стои во соопштението од ЈО, доставил предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Фото: Пиксабеј

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ