недела, 24 мај 2026

Возач со автомобил усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак”, патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ