Како што информира МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 41 санкции за непрописно паркирање.
„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се додава во соопштението на МВР.






