недела, 24 мај 2026

Во Гостивар затворен ресторан, приведени пет танчарки од Албанија и Косово

Објавено на

часот

Сподели

Според СВР Тетово, вчера вечер од  23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спровеле акциска контрола во угостителски објект, сопственост на  З.Б. (47) од гостиварски Добридол.

Во локалот лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со ковид-19.

Сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Тој исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, наведуваат од СВР Тетово.

При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Албанија и две од Косово, на возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ