недела, 24 мај 2026

Во Гевгелија проведени 19 мигранти од Куба

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 20.40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.

Претходно во 17.20 часот во Гевгелија, полицијата лишила од слобода четири лица мигранти од Куба, кои илегално влегле од државата.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ