недела, 24 мај 2026

Украденото возило вратено на сопственикот, крадецот приведен

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 14:45 часот на ул.„Крушевска Република” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои” одзел патничко возило „форд мондео” со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Возилото било пронајдено и по консултација со јавен обвинител било вратено на сопственикот, посочуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ