Убиството се случило во близина на семафорите во правец на улицата Џон Кенеди. Деталите околу тоа кој бил мотивот за пукањето и кој бил мета на нападот засега не се познати.
Од МВР соопштуваат дека утрово во 9.12 часот е пријавено дека во населбата Топанско Поле во Скопје во општина Чаир било пукано на Е.Б., кој починал од повредите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.






