недела, 24 мај 2026

Убиениот полицаец во Велес бил прободен со нож во срцето

Објавено на

часот

Сподели

Како што стои во соопштението од Обвинителството, првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес е предадено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција.

Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ