недела, 24 мај 2026

Уапсени тројца измамници – купувале половни возила, а не плаќале за нив

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама” против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

„Н.И. на 13 април, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д” за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.
Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12 ноември 2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на Фејсбук имал оглас за продажба на моторно возило ‘фолксваген поло’. Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ