недела, 24 мај 2026

Уапсени двајца Авганистанци во Табановце кои ограбиле Индиец

Објавено на

часот

Сподели

„Во атарот на селото Табановце, во Чифлик маало, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода А.С.(31) и Д.М.(25), двајцата мигранти од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘разбојништво’ врз Г.С.Г.(28) -мигрант од Индија. По преземени мерки и по извршениот разговор со Г.С.Г. било утврдено дека двете лица од Авганистан физички го малтретирале и му одзеле пари. Парите биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Република Грција во Република Северна Македонија и имале намера преку Република Србија да заминат кон ЕУ“,  наведе МВР во своето соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ