Во пишаното соопштение се наведува дека вчера попладне во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено. По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација. Известен е Центарот за социјални работи-Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






