недела, 24 мај 2026

Тешка сообраќајка кај Арачиново, загина тракторист, четворица повредени

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од село Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С. (62) од село Арачиново.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М. (24) од село Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ