На 4 септември, во 18.20 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово во атарот на с. Орашац, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (64) од Куманово, и мотокултиватор „хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А. (66) од с. Орашац.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А.(62) од с. Орашац констатирани во Општата болница Куманово.






