недела, 24 мај 2026

Сопственикот на коњот што трчаше во спротивен правец на автопат заработи кривична пријава

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот тетовец Н.К., поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик“, се вели во информацијата од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пријавениот се сомничи дека на 21 септември годинава, во периодот од 14 до 14:30 часот, без надзор и контрола го оставил неговиот коњ со запрега, кој почнал да бега по автопатот Тетово-Скопје, односно да се движи во спротивна насока и да ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ