недела, 24 мај 2026

Сопатник тешко повреден во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило цитроен џампер, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владиевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ