недела, 24 мај 2026

Со воздушка пушка пукал кон другар

Објавено на

часот

Сподели

„На 1 мај 2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО додадоа дека, иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ