Лицето Б.Ф.(55) е приведено на вчера во 17:30 часот на Граничен премин Делчево.
Полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ф, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина, информираат од МВР.






