недела, 24 мај 2026

Со нож избоден полицаец во Велес, приведена партнерката со која живеел

Објавено на

часот

Сподели

Итната медицинска помош којашто пристигнала на местото на настанот го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош. Оттаму појаснуваат дека во 2.30 часот добиле повик за маж прободен со ноќ на улица „Максим Горки“ во Велес. Екипата на брза помош веднаш констатирала насилна смрт со со прободување со нож во градниот кош.

„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР-Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на улица Максим Горки со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, соопштија од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ