МВР информира дека во 1 часот по полноќ било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Лука Геров” и „Тиранска”, патничко моторно возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од село Визбегово, скопско, удрило во ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Во СВР Куманово пак, синоќа било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа”, атар на село Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од село Матејче и патничко моторно возило „форд” со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од село Никуштак.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди” З.И.(65) од село Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од село Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од село Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.






