Станува збор за кривично дело од член 378 став 1 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството и информираат дека обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца.
„Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби“, велат од скопското обвинителство.






