недела, 24 мај 2026

Протерани двајца Кубанци поради илегално преминување границата

Објавено на

часот

Сподели

Утринава во 02:45 часот кај село Егри, битолско, полициски службеници од полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба. Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17 септември илегално ја преминале границата од Република Србија кон Македонија. На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години.

Од Министерството наведуваат дека двајцата Кубанци ќе бидат предадени во прифатниот центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ