недела, 24 мај 2026

Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.

Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање” и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ