И во Кочани утрово полицијата приведе возач под дејство на алкохол. На улицата „Никола Карев“ во Кочани полицијата го приведе Д.К. (20) од село Прибачево. ПТо со својот „фиат“ учествувал во сообраќајка. Во крвта имал 1,58 промили алкохол.
На улицата „Прилепски Бранители“ во Прилеп Д.С. (21) бил приведен откако полицијата констатирала дека „опелот“ го возел со 2,79 промили алкохол во крвта.
Во Крива Паланка бил приведен Џ.С. (29) откако учествувал во сообраќајна незгода со своето „бмв“. Било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






