
„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Михајлово‘ ги привеле А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила ‘бмв‘ и ‘мерцедес‘ со скопски регистарски ознаки и во нив превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата“, пишува во полицискиот билтен.
За настанот бил известен Јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на мигрантите им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.






