„При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.
Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница Куманово.
За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена.
Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга.






