недела, 24 мај 2026

Приведен жител на Лојане, превезувал тројца мигранти Кубанци

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4″ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица, мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24)“, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ