Денеска во 12.00 часот на улицата „Џон Кенеди” во Скопје, полициски службеници од полициските станици во Чаир и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Р.(45) од Скопје поради основано сомнение дека на 16 септември извршил кривично дело разбојничка кражба во магацински простор во маркет на улицата „Македонско Косовска бригада” во Скопје, при што одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан, со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство, информира со соопштение МВР и најавува дека ќе биде поднесена кривична пријава.
Приведен разбојник кој со пиштол крадел во супермаркет

ТОП ВЕСТИ





